Меган Маркл и принцот Хари моментално се во Канада за да ги промовираат следните игри на Инвиктус, кои ќе се одржат во Ванкувер во февруари 2025 година. По тој повод не го пропуштија хокеарскиот натпревар во Ванкувер, каде домашните Канакс го победија Сан Хозе Шаркс со 3:1.
Хари и Меган го гледаа натпреварот од ВИП ложата на Роџерс Арена. Кога Канакс победија, Хари скокна и Меган ја спушти чашата за вино за да можат и двајцата да танцуваат и да слават додека свиреше хитот на Simple Minds „Don’t You Forget About Me“.
Познатата двојка беше придружувана од Маркус Андерсон, пријателот на Меган од Торонто каде пред кралскиот живот ја снимаше нејзината ТВ драмска серија Suits. А очигледно токму Андерсон и помогна да го организира нејзиниот прв состанок со Хари во Лондон. Го опишуваат како втор најважен маж во нејзиниот живот, по нејзиниот сопруг.
За излегувањето во игра Меган не го игнорираше изборот на стајлинг, кој иако од глава до пети во црно, очекувано привлече внимание. Многу шик и на прв поглед едноставен стајлинг се истакна со прилично луксузна цена.
Така, 42-годишната војвотка од Сасекс се одлучи за лежерен, но елегантен изглед кој се состоеше од целосно црна облека, вклучувајќи ги и црните панталони „Serge“ на Алтузара, кои се продаваат за 695 долари (околу 635 евра).
И се чини дека војвотката го фаворизира францускиот бренд Cartier, бидејќи носеше ѓердан од жолто злато од 19.428 долари (17.761 евра) и дијамант Juste un Clou, класична нараквица од жолто злато „Love“ од 8.835 долари (8.000 евра) и часовникот „The Gold Tank Française“ во жолто злато, чија цена започнува од 26.821 долар (24.531 евро).
И додаде дополнителна доза на гламур со нараквицата Lorraine Schwartz „Against Evil Eye“, која чини 18.815 долари (17.208 евра).