📷Норис предвидува повеќе победници во 2025 година

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, предвидува дека во сезоната во Формула 1 во 2025 година, меѓу победниците може да бидат и возачите од тимовите во средината на колоната. Оваа прогноза Британецот ја поткрепи со тоа што на крајот од минатата сезона со нив можеа да се борат тимовите кои беа уште позади топ 4 екипи.

Естебан Окон и Пјер Гасли донесоа двоен подиум за Алпин во тешките услови во Сао Паоло, а на одделни суви патеки Алпин, Хас и РБ можеа да се борат со најбрзите.

„Очекувањата се секоја година правилата да не се менуваат, разликите да се намалуваат, битката да станува се понеизвесна, отсекогаш било така“, објасни Норис. „На крајот на минатата година, веќе беше доста неизвесно и другите шест тимови почнаа да нè стигнуваат и беа се поблиску и поблиску“.

Затоа Норис очекува некои изненадувачки победници во претстојната сезона во Формула 1, која вклучува 24 тркачки викенди и вкупно 30 стартови.

„Мислам дека оваа година ќе имаме победници кои нема да возат за Мекларен, Ферари, Мерцедес или Ред Бул“, рече Норис. „Мислам дека ова е добро за Формула 1 и добро е за навивачите, добро е за целиот спорт. За жал, се ќе се промени за 2026 година, но сега очекувам добра и тешка сезона, нема да се бориме само против нашите вообичаени ривали. Оваа година ќе биде различно и интересно за гледање“.

Слични содржини