Тоше Проески денеска, 25 јануари, ќе го прославеше својот 44-ти роденден, да не настрадаше во страшната сообраќајна несреќа во кобната 2007 година.
Ова е тажен ден за Македонија и за целиот регион, а особено за семејството на пејачот кое го загуби на само 26 години…
Сестрата на Тоше Проески, Дора, денеска на неговиот роденден се огласи на Фејсбук и покажа дека нејзините мисли се со нејзиниот брат.
Таа дури и направи торта за оваа пригода, со ангелски крилја, крст и името на Тоше…
Околу тортата има фотографии од Тоше, што ја прави целата слика уште потажна.
Дора остави само црно срце во натписот на фотографијата, а под него имаше потресни коментари од нивните пријатели и големиот број фанови кои велат дека не го преболеле и никогаш нема да го преболат…