15
Италијанскиот гигант Милан и официјално го објави трансферот на десниот бек Кајл Вокер од Манчестер Сити. Англичанецот доаѓа во Милан на позајмица со опција за откуп.
34-годишниот фудбалер ќе игра за „росонерите“ со бројот 32.
📸 Candid moments of @kylewalker2 at Casa Milan 🏠 #DNACMilan #SempreMilan 🧵 pic.twitter.com/SQvQmUi0ZI
— AC Milan (@acmilan) January 24, 2025
Вокер сезонава одигра 18 натпревари во сите натпреварувања, но не успеа да постигне гол за „граѓаните“. Договорот на играчот со англискиот клуб е до летото 2026 година.
Според „Марка“, дефанзивецот бил понуден и на Реал Мадрид, но „кралевите“ одбиле да го земат. Тие ја сакаат само ѕвездата на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд.