📷Отпад и муљ оставени на охридското пристаниште во денови кога има голем број на туристи

од Nikola Popovski
893 прегледи

На почетокот на летната сезона, непријатни слики од Охрид. Во обидите за чистење на Охридското езеро, изваден муљ и отпад од водите е оставен на самото пристаниште во градот, во денови кога има голем број на туристи.

Засега нема официјални информации од локалните власти зошто отпадот е оставен во центарот на градот.

Пред неколку дена „Охридски комуналец“ почна со чистење на крајбрежјето од мини депониите со градежен шут кои ги направија несовесните граѓани покрај патот од Охрид до Пештани.

Фото: Локално