📷Плакати за бојкот на познат маркет, објавен и амблемот на УЧК

од Nikola Popovski
1,K прегледи

На повеќе локации во скопска Кисела Вода денеска се појавија пропагандни плакати против познатиот маркет „Кипер“. Испишаната порака на плакатите е „Не купувајте од терористи“, при што прикажано е логото на маркетот и амблемот на поранешната УЧК.

На летоците е објавен и ликот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и уште едно лице.

Плакатите се излепени на повеќе јавни површини во скопската населба.

Во претходниот период по социјалните мрежи кружеа бројни повици за бојкот на маркетите од ланецот „Кипер“, чии сопственици се граѓани од албанска етничка националност.

Фото: Локално

📷Галерија: Графити со пораки за смрт на етничка заедница и партиско име се појавија на фасада на зграда во Кисела Вода

Слични содржини