EA Sports FC 24 и eFootball 2024 имаат нов ривал во најава. Долгоочекуваната UFL се уште не е завршена, но креаторите открија дека Кристијано Роналдо не е само амбасадор на оваа игра, туку и инвеститор.
Така, UFL на социјалните мрежи напиша:
Here we go!
⠀@Cristiano joins UFL as an investor!
⠀
We’re excited to work together on UFL and create a fair, skill-first game for football fans worldwide 🤝 pic.twitter.com/CyaEjIu2vu— UFL (@UFLgame) December 12, 2023
– Кристијано влезе во UFL како инвеститор!
Тие додадоа дека се возбудени што ќе соработуваат и ќе создадат реална игра за фудбалските фанови ширум светот. Исто така, тврдат дека играта ќе го промени спортскиот пазар. Вредноста на проектот се проценува на 40 милиони долари.
Симулацијата на играта би можела да биде објавена веќе во 2024 година, иако нема официјален датум на објавување, а потврдено е дека ќе биде достапна на платформите PS5, PS4, Xbox Series X|S, Xbox One и PC. Играта ќе има режим Free to Play, што значи дека ќе може да се игра без дополнителни трошоци, но основните функции може да подлежат на дополнителни трошоци.
На овој начин може да се плаќаат разни дополнителни давачки по цени кои досега не се детално опишани.