📷Салиу: Беким Сали наскоро ќе стане премиер на Албанците во Северна Македонија

Премиерот на земјава, Христијан Мицоски на прашање за Сали кој треба да дојде на местото на Изет Меџити , истакна дека има добро мислење за него

од Vladimir Zorba
310 прегледи Фото: Фејсбук

Пратеничката Имерлије Салиу објави дека премиер на Албанците во Македонија наскоро ќе биде Беким Сали, кој се очекува да стане прв вицепремиер во Владата на Христијан Мицкоски.

-Господинот, Беким Сали за кратко ќе биде премиер на Албанците во Северна Македонија.

Премиерот на земјава, Христијан Мицоски на прашање за Сали кој треба да дојде на местото на Изет Меџити , истакна дека има добро мислење за него

„Јас кажав дека го познавам Беким Сали и дека имам мислење како личност. За структурни промени во Владата не сме збореле. Подготвен сум да зборувам. Но дека имаат нешто договорено со ВМРО-ДПМНЕ, нема такво нешто,“ изјави Мицкоски.