По серијата успешни премиери на филмот „Ф1“, познатиот холивудски актер Бред Пит имаше неколку слободни часови во кои беше фотографиран како го напушта својот хотел на Менхетен.
И во оваа прилика, тој сигурно знаеше како да го привлече вниманието. Миленикот на жените носеше парчиња што малкумина би се осмелиле да ги облечат – а сепак изгледаше одлично.
Изборот падна на син комбинезон, со два коси џеба на горниот дел и закопчување со тенок сребрен патент и ремен околу половината.
Amarlos?
Brad Pitt y su novia Inés en full composé!
Ke les decimos tribunahhh!? pic.twitter.com/aIeJpxLhho— Guille Barrios🌈 (@OkGuilleBarrios) June 18, 2025
Во последните денови го гледавме Бред во разни стајлинзи кои се издвојуваат од неговите вообичаени, едноставни модни избори, поради што сè повеќе луѓе пишуваат за неговата криза на средните години, која очигледно е во желбата да привлече внимание со младешки изданија, но и со врска со многу помлада девојка.
Ова појавување дефинитивно оди во таа насока, особено имајќи предвид дека ги замени своите класични чевли со трендовски патики „Адидас“ и сето тоа го надополни со темно сини очила за сонце и тексас чанта.