Познатиот актер Бен Афлек (52) доби непријатно изненадување кога се врати дома во западниот дел на Лос Анџелес. Холивудската ѕвезда беше виден како вози до својот стан во Пацифик Палисадес, а папараците го фатија неговиот шокиран израз додека ги гледа последиците од огромниот шумски пожар кој проголта се пред него.
Освен што уништи неколку домови во луксузниот кварт, пожарот предизвика и откажување на неколку холивудски премиери, вклучувајќи ја и промоцијата на последниот филм на неговaтa поранешна сопруга „Unstoppable“. Афлек е продуцент на филмот, заедно со неговиот најдобар пријател Мет Дејмон, но не е познато дали планирал да присуствува на премиерата.
Ben Affleck looks shocked as he returns home to see rapidly advancing Pacific Palisades fire near his house https://t.co/zbr4N8BSS6 pic.twitter.com/VsHlRNzEg6
— Mail+ (@DailyMailUK) January 8, 2025
Бен живее во соседството со многу познати личности, како што се Том Хенкс, Мајлс Телер, Рис Витерспун, Адам Сендлер и Џене Аико. Актерот Џејмс Вудс претходно, исто така, сподели видео од пожарот на својот Инстаграм профил и откри дека морал да се евакуира.
Домот на Афлек во Лос Анџелес се состои од пет спални соби и шест бањи, но тоа не е „ништо“ во споредба со луксузната палата што претходно ја делеше со Џеј Ло. Нивниот раскошен дом чинеше 60 милиони долари и се состоеше од 12 спални соби, 24 бањи, гаража со 12 автомобили, лифт и многу други удобности.
Here is my dad's burger place, The Beachside Cafe, down the street from our home in Pacific Palisades
Words cannot describe what I feel. How many times as a kid did I break a sandy tourist’s $100 for chili cheese fries and a hamburger?
This is our entire neighborhood just… pic.twitter.com/MhnyGbGpmf
— Jennifer Begakis (@jenbegakis) January 8, 2025