📷Снуп Дог инвестира во англискиот фудбал: Пари на раперот влегуваат во клуб од Чемпионшип

од Vladimir Zorba
6 прегледи

Фудбалскиот клуб Свонси доби уште еден сопственик, светски познатиот, носител на олимпискиот факел за Игрите во 2024 година – Снуп Дог. Раперот купи одреден број акции на колективот од истоимениот англиски град.

Неодамнешното учество во промотивното видео, по повод промоцијата на новиот дрес, беше знак за тоа што се случи, а веста за воспоставената деловна соработка со популарниот рапер ја „протече“ Скај Спорт.

Сонародниците на американскиот музичар и продуцент, Брет Крават и Џејсон Коен, како стари сопственици, имаат за цел да го прошират глобалниот бренд на членот на Чемпионшип и да ги зголемат комерцијалните приходи, а Дог се вклопува во тие планови.

Ем е богат и има „вишок“ пари, ужива голема популарност низ целата планета, па затоа неговиот ангажман треба да го направи Свонси попознат и препознатлив од порано.

Исто како Лука Модриќ, откако легендата на Реал Мадрид и новото засилување на Милан беше претходно најавен како еден од ко-сопствениците.

Слични содржини