📷Сопругата на Чави го „нуди“ на Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Сопругата на Чави можеби случајно ги откри симпатиите на семејството за Манчестер Јунајтед поради шпекулациите дека поранешниот тренер на Барселона е една од опциите за замена на Ерик Тен Хаг.

Нурија Кунилера на Инстаграм сподели фотографија на која Чави седи на маса со синот и ќерката, а момчето носи стар дрес на Јунајтед додека ги реди своите фудбалски „сликички“.

Во последните денови на Островот многу се шпекулира дека извршниот директор, Омар Берада отпатувал во каталонската престолнина заедно со тројца членови на одборот на директори на клубот за да се сретне со Чави.

Неделниот пораз од Вест Хем со 2-1 само го зголеми притисокот врз Ерик тен Хаг. „Црвените ѓаволи“ се 14-ти во Премиер лигата и имаат една победа во последните осум натпревари во сите натпреварувања.

Слични содржини