📷Тапанарот на ДНК, Ѓорги Горгиев, загина во пожарот во „Пулс“

од Vladimir Zorba
394 прегледи

Во пожар загина струмичанецот Ѓорги Горгиев, тапанарот на бендот ДНК кој настапуваше во дискотека во Кочани.

Ова го потврди градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Додаде и дека утре од 8 часот во просториите на општинската зграда ќе биде отворена книга на жалост.

Пејачот од групата ДНК, Владимир Блажев-Панчо се здоби со изгореници на лицето и раката и е на кислородна поддршка.

Вториот дел од дуото, Андреј, се уште му нема трага, соопштија од неговото семејство.

Слични содржини