59
Силната игра на Родриго неодамна повторно ги натера неговите блиски да зборуваат дека е потценет во Реал Мадрид.
Во коментар под неговата објава на Инстаграм, неговиот татко Ерик Гош напиша: „Најдобриот. Те сакам многу. Ќе бидат принудени да не забележат“.
Само оваа сезона ова е трет пат да има незадоволство поради тоа што Бразилецот е во сенка на други ѕвезди. Минатото лето, неговиот менаџерски тим побара неговиот придонес во успехот на гигантите од „Бернабеу“ да се вреднува на исто ниво со играчите како Винисиус Жуниор, Џуд Белингам и Килијан Мбапе.
Во септември, пак, Родриго се пожали дека незаслужено е изоставен од номинираните за „Златна топка“.
На последните четири натпревари за „белите“ постигна четири гола и асистираше за други два.