Скопјанец загинал синоќа во тешка сообраќајна несреќа што се случила на кејот на Вардар. Како што во трогателната вест, објавена на социјалните мрежи, трагедијата се случила на пешачката патека во близина на Паркот на франкофонијата во центарот на Скопје.
Според очевидци, скопјанецот бил прегазен од мотор кој бегал од полицијата, а стравичната несреќа се случила под прозорецот на станот во зградата во која живеел прегазениот пешак.
„Да умрам недалеку од местото кај што се родив”, најчесто се поистоветува со човековата желба, честопати вкоренета во чувството на поврзаност со сопственото потекло и желбата за враќање кон домот, корените…
Чичко Југо, татко на две прекрасни ќерки кои израснаa во прекрасни мајки и му подарија три внучиња. Чичко Југо на никого ништо не му згришил, да не го знаеш ќе се чудиш од каде толку фин, културен, кога и да те види ќе те поздрави, ќе ти направи секогаш фин муабет. Нема човек кој не го сакаше, не го почитуваше.
Чичко Југо загина под сопствениот прозор, буквално под сопствениот прозор. Го убија со мотор, скап мотор, без таблички, бегајќи од полиција на Кеј 13 Ноември, покрај Паркот на Франкофонијата, каде што секогаш си играат нашите деца, кои беа сведоци на настанот.
Секогаш ќе те памтиме само по добро чичко Југо“, стои во објавата на социјалните мрежи.
МВР се очекува да излезе со детали за настанот во текот на денот.