По научно-фантастичниот Edge of Tomorrow од 2014 година и биографскиот филм American Made од 2017 година, Том Круз и режисерот Даг Лиман подготвуваат нова соработка.
Во интервју за Showbiz 411, Лиман потврди дека Круз потпишал договор за да глуми во неговиот нов хорор-трилер Deeper.
Режисерот нагласи дека е првпат да режира хорор филм и дека е првпат познат актер да глуми во хорор филм од ваков тип.
Досега играше само во авантуристичкиот хорор The Mummy (2017) и готскиот хорор Interview with the Vampire (1994).
Tom Cruise will star in a supernatural thriller #Deeper directed by Doug Liman
The film follows a disgraced astronaut on a deep-sea dive exploring a newly discovered trench
He soon finds himself confronted by a sinister and dangerous force pic.twitter.com/7R1q7BhwKq
— Culture Crave 🍿 (@CultureCrave) November 29, 2024
Deeper е хорор филм за астронаут кој истражува пукнатина во длабокото море во која се наоѓа злобна, навидум натприродна закана, пишува ComicBook.
Не се знае многу за проектот, но тој е во развој веќе десет години.