📷Украина: Тројца руски шпиони сакале да кренат во воздух зграда на полиција

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Украинската разузнавачка служба тврди дека спречила обид на руски шпиони да предизвикаат експлозии во централниот дел на земјата.

Службата за безбедност на Украина (СБУ) соопшти дека во градот Виница се уапсени тројца руски воени разузнавачи кои планирале да кренат во воздух зграда на полицијата и автомобил на еден украински војник.

„Полицајците на СБУ навреме открија непријателски намери и ги уапсија извршителите на руската наредба во моментот кога тие поставуваа скриена камера во близина на местото на планираната експлозија“, се вели во соопштението.

Уапсени се двајца невработени жители на Киевската област, кои, според СБУ, биле регрутирани од окупаторите преку каналот Телеграм, ветувајќи им „лесни пари“.

Третиот член на групата бил задолжен за изработка на експлозив и нивно ставање во контејнери исполнети со завртки.

Сите тројца се во украински притвор и им се заканува доживотен затвор.

Слични содржини