28
Винисиус Жуниор трета година по ред е прогласен за најдобар фудбалер на ибероамериканските земји кои настапуваат во шпанската лига, во која се оние од Латинска Америка, Португалија и Шпанија. Наградата ја доделува шпанската агенција „ЕФЕ“, а изборот го прават нејзините спортски новинари.
🏆 @ViniJr receives EFE Trophy for Best Ibero-American Player of 2024!#RealFootball | @EFEnoticias pic.twitter.com/2ufJGHhOkB
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) December 31, 2024
Рекордер со пет награди овде е Лионел Меси. Сепак, последен пат Аргентинецот го подигна трофејот во 2012 година. Кристијано Роналдо го има освоено само еднаш – во 2013 година.
За Вини ова е уште една награда за 2024 година. Најпрестижната од нив е за бр.1 според ФИФА.