📷Волкановски на UFC 314 со специјални, „македонски“ шорцеви

од Vladimir Zorba
57 прегледи

ММА борецот Александар Волкановски долго време доминира во категоријата до 66 килограми на УФЦ, но во последно време не му оди толку добро во октагонот.

Поранешниот шампион претрпе три порази во последните четири дуели, а во последните два меча претрпе тешки нокаути – го „затворија“ Ислам Махачев и Илија Топурија.

„Волк“ сега има шанса да се врати на победничките патеки, но задачата не е лесна. Тој ќе се натпреварува на главниот настан на УФЦ 314, а ривал ќе му биде Бразилецот Диего Лопес, кој се прослави во Мексико.

Волкановски (26-4) ќе има специјална опрема за настанот на УФЦ кој е закажан за претстојниот викенд.

На шорцевите се боите и симболите на три земји – татковината на Александар, Австралија, како и земјите од кои 36-годишниот Волкановски влече корени. Неговата мајка е Гркинка, а татко му по потекло е Македонец. Потекнува од село Беранци.

Слични содржини