📷Возило превртено на покрив на скопската обиколница

од Nikola Popovski
381 прегледи

Утрово дошло до тешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница откако возило се излизгало од патот и останало превртено на покривот. Очевидци за „Локално“ изјавија дека автомобилот неколку се превртел.

Несреќата се случила кај Орман кон Стајковци на самиот мост.

Најверојатно причина за превртувањето е влажниот коловоз и неприлагодената брзина на движење.

Според првичните информации, возачот е жена која итно е пренесена со Брза помош во градската болница „Св. Наум Охридски“.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Фото: Локално

Слични содржини