Видеото од прославата на Денот на благодарноста од имотот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Мар-а-Лаго на Флорида, е неисцрпен извор на најразновидните објави на социјалните мрежи – од оние дека Илон Маск стана негов посвоен син до оние дека неговиот син Барон Трамп го украде шоуто со своите гримаси додека неговиот татко и најбогатиот човек на светот „денсаа“. Сепак, своите пет минути ги доби и Меланија Трамп.
Ако ова издание е некаков показател за стилот што ќе го промовира за време на вториот претседателски мандат на нејзиниот сопруг, Меланија Трамп се заканува дека ќе ја засени серијата нејзини стајлинзи за време на првата администрација на Доналд Трамп.
Меланија Трамп на раскошната прослава носеше макси фустан со прекрасен дезен. Геометриските дезени изгледаат исклучително шик, а кројот многу ја истакна нејзината линија. Госпоѓа Трамп шеташе со салонки, а вакви чевли обожава и Викторија Бекам.
Првата дама на САД преферира мокасини меѓу другите видови чевли, иако не и е непозната ниту другата крајност, односно балетанките.
Таа е вистински виртуоз во изборот на чевли, но и во тоа што по низата блескави модни изданија успева да изненади и да добие нов бран комплименти.
Меланија седеше на маса со Доналд Трамп, нивниот син Барон Трамп и Илон Маск, кој беше облечен во маица со огромен знак Х, кој е името на популарната платформа што ја поседува, но и неговиот син со пејачката Грајмс.
На видеото можете да видите како претседателот на Америка и најбогатиот човек на денешницата играат на хит на Village People.
На мрежите се коментира нивниот заеднички изглед, како и изразите на лицето на Барон кој со насмевка ги гледаше. Некои на шега го опишаа разговорот на Трамп со неговиот син.
Elon Musk, Donald Trump, Barron and Melania blasting YMCA at Mar-a-Lago on Thanksgiving pic.twitter.com/nAB7m2sIlo
— David Lester Straight (@DavidLesterr_) November 30, 2024
„Дали е во ред да бидам пријател со Илон, наводно, го прашува Барон, кој му вели: „Ќе ти дозволам да го направиш тоа, татко“.
Има и коментар дека Барон правел гримаси и сакал да каже: „Доста ни е од овие песни, тато!“.
Маск на мрежата Икс истакна дека со Барон разговарал за „видео игри и свесност“, пишува Дејли Меил, а на забавата своето место го добила неговата мајка Маја Маск, која сесрдно го поддржувала Трамп за време на кампањата.
Илон Маск, кој ќе го води Министерството за ефикасност на владата во администрацијата на Трамп, по изборите е речиси неразделен од Доналд, а во текот на кампањата беше негов најголем поддржувач.
La robe ! Des cubes sur Melania ! Nous sommes de retour ! Et le président Trump avec une cravate bleue Tiffany ! https://t.co/xJfpwDiPDG
— Eilahtan 1🐸7🌟 LIBRE, SOUVERAINE & AFFRANCHIE (@Eilahtan65) November 30, 2024
„Мислам дека Доналд го посвои“, „Илон сега има резиденција во Мар-а-Лаго“, „Илон се чувствува како дома, се чини дека дури и го зазеде местото на Доналд Јуниор на масата (синот на Трамп)“, истакнуваат на мрежите“.
Победникот на претседателските избори во Америка неодамна на шега изјави дека не може да се ослободи од Илон Маск, а неговиот мандат се уште не е ни започнат. Инаугурацијата е закажана за 20 јануари 2025 година во Вашингтон, а дотогаш двајцата ќе останат најследен тандем во светот, што секако нема да се промени во наредната година.
На прославата на Денот на благодарноста беше и синот на Трамп, Ерик со сопругата Лара и двете деца кои позираа со нивниот дедо. Се појави и ќерката на претседателот, Тифани Трамп, која наскоро ќе стане мајка.