Повеќе од 560 пожарникари поддржани од доброволци, 17 авиони со водени бомби и 15 хеликоптери се борат со најновиот шумски пожар што избувна во неделата во 15 часот по локално време во близина на Варнавас, 35 километри северно од главниот град.
До понеделник наутро, пожарот се прошири кон југ и гореше на неколку фронтови, вклучувајќи го селото Граматико, античкиот град Маратон, приморската општина Неа Макри и планината Пентели северно од Атина.
Силниот ветер постојано го менува правецот на пламенот.
„И покрај тешката борба и натчовечките напори во текот на ноќта, пожарот многу брзо се прошири и стигна до планината Пентели“, изјави претставник на противпожарната бригада.
Crazy fire in Athens !! Stay safe pic.twitter.com/sQ5U6P3U9q
— Jade Bauer (@jade__bauer) August 11, 2024
Противпожарните авиони ги прекинаа операциите во текот на ноќта и ги продолжија напорите во понеделник наутро. Полицијата помогнала во евакуацијата, а дел од жителите ја поминале ноќта во засолништа.
Најмалку три болници во Пентели се евакуирани.
Пожарот, со пламен висок до 25 метри, се прошири „како молња“ поради ветровите, изјави во неделата портпаролот на противпожарната служба Василис Ватракогијанис.
Another huge terrifying fire in Attiki, Greece.
Smoke covering Athens with regional towns and villages being evacuated.
Thoughts with everyone affected and anger to the inertia and corruption of the Mitsotakis' government. #φωτιά #Μαραθωνα #Αττικη pic.twitter.com/3TrDnmRkiA
— Lily McBak (@LilyMcBak) August 11, 2024
Дебели облаци чад го затемнија небото над Атина во неделата навечер. Неколку часа подоцна пламенот гореше во близина на предградието Дионисос на околу 23 километри североисточно од центарот на градот и околните области.
Премиерот Киријакос Митотакис побрза да се врати во Атина од викендот на островот Крит за да го надгледува одговорот на пожарот, изјави владин претставник, со сè уште свежи сеќавањата за пожарот во 2018 година во кој загинаа 104 луѓе во крајбрежниот град Мати, во близина на главниот град.
По најтоплата зима досега и долгите периоди со малку или без врнежи, се предвидува дека Грција ќе го има најжешкото лето досега.
#UPDATE Greece ordered the evacuation Monday of multiple communities northeast of Athens as wildfires raged, the fire brigade said.
"Forest fire near you. Follow the instructions of the authorities," said SMS messages sent to people in the Attica region, indicating in which… pic.twitter.com/dJYV3qtR6c
— AFP News Agency (@AFP) August 12, 2024
Властите се во состојба на готовност за пожари до четврток, а метеоролошките експерти предупредуваат на „многу тешка недела“.
„Половина од Грција ќе биде во минус“, рече министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас во саботата, наведувајќи ги температурите од околу 40 Целзиусови степени и силните ветрови.