📸🎥ДЕТАЛИ ЗА МАСОВНИОТ НАПАД НА РУСКАТА ВОЗДУХОПЛОВНА БАЗА: Главни цели биле „лизгачките бомбите“ и Су-34

од Vladimir Zorba

Украина изврши голем напад на аеродром лоциран на околу 200 километри во внатрешноста на Русија, пишува „The War Zone“, која објави и сателитски снимки на кои се гледаат оштетени руски авиони.

Се тврди дека операцијата била извршена со масовен напад со дронови.

Украинските одбранбени разузнавачки единици употребија најмалку 70 беспилотни летала за да ја нападнат базата во четвртокот, изјави украинскиот генерал-полковник Кирил Буданов, шеф на Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана.

Аеродромот, кој се наоѓа во Ростовската област, е дом на десетици ловци-бомбардери СУ-34. Иако се чини дека нападот направил одредена штета, сè уште не е јасно колку бил успешен.

Според сателитски снимки може да се заклучи дека се оштетени неколку авиони. Еден хангар беше главната украинска цел.

Руски извори го признаа нападот, но беа различни во нивните оценки.

Некои тврдат дека ниту едно летало не е оштетено, други дека повеќето од беспилотните летала биле соборени пред да стигнат до целта, додека други наведуваат дека некои успеале да се пробијат и дека шест пилоти загинале, а десет војници се ранети.

Во меѓувреме, Буданов рече дека проценката на штетите е во тек.

– Чекаме информации дали некој авион е уништен или оштетен – рече тој.

Украински безбедносен извор изјавил, според „Скај њуз“, дека украинските „прецизни удари“ биле насочени кон авиони СУ-34 и „лизгачки бомби“ на аеродромот.

– Целите беа погодени за да се намали способноста на Русија да изведува воздушни напади во регионот Харков – изјави изворот кој сакаше да остане анонимен.

Слични содржини