На неколку места во САД вчера избија протести против администрацијата на Доналд Трамп, еден ден откако актуелниот американски претседател и потпретседател Џеј-Ди Венс влегоа во жестока вербална пресметка со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба.
Стотици демонстранти се собраа во Вејтсфилд, Вермонт, каде Џеј-Ди Венс отиде на скијање со своето семејство. Иако протестот беше планиран на почетокот на неделата, организаторите рекоа дека голем број луѓе решиле да дојдат откако го виделе појавувањето на Трамп и Венс во Белата куќа.
Насобраните носеа транспаренти со пораки „Вермонт стои со Украина“ и „Меѓународен срам“, а многумина вееја украински знамиња. Телевизијата Фокс објави снимка од протестот, но на неа беа прикажани заматени постери со пораки против Венс и поддршка за Украина.
„Она што го направи вчера…ја преминаа границата“, изјави демонстрантката Кори Жиру за јавното радио на Вермонт.
New Yorkers gather in #TimesSquare in support of #Ukraine after the White House scandal. #StandWithUkraine #FuckTrump #KrasnovTrump pic.twitter.com/erFdWzISfw
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) March 2, 2025
Гувернерот на Вермонт, Фил Скот, републиканец кој не го поддржа Трамп во ниту една од неговите три претседателски кандидатури, ги повика граѓаните да бидат фер кон потпретседателот и неговото семејство пред доаѓањето на Венс. „Ве молам да им посакате добредојде во Вермонт и се надевам дека ќе имаат можност да го искусат она што ја прави нашата држава и нашиот народ посебни“, рече Скот.
Протести во Њујорк, Лос Анџелес, Бостон…
Протестите се проширија и во други американски градови во саботата, вклучително и Њујорк, Лос Анџелес и Бостон, каде стотици луѓе излегоа на улиците за да покажат поддршка за Украина и Зеленски.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат стотици демонстранти собрани на Тајмс Сквер во Њујорк, со украински знамиња на рамениците и во рацете.
NOW: Ukrainians sing Ukraine National Anthem as they gather in emergency protest in Times Square NYC pic.twitter.com/uy46yMd8t8
— Oliya Scootercaster 🛴 (@ScooterCasterNY) March 1, 2025
Во округот Лос Анџелес демонстрантите се собраа пред зградата на SpaceX, додека во Бостон организираа „итен митинг“ под слоганот „само мир за Украина“. „Украина сака праведен мир. Украина сака крај на војната“, објави групата Бостон ја поддржува Украина на Фејсбук, додавајќи: „Украина го сака сето ова под правични услови, со безбедносни гаранции“.
Зеленски, пак, на социјалните мрежи се пофали со неговиот срдечен пречек во Лондон, каде што беше пречекан од толпа граѓани собрани пред Даунинг стрит, а британскиот премиер Кир Стармер срдечно го прегрна.