Американската војска на социјалните мрежи објави дека за време на минатонеделна операција запленила оружје кое Иран им го испраќал на јеменските исламистички бунтовници Хути, кои напаѓаат трговски бродови во Црвеното Море од почетокот на војната во Израел.
Командата на американската војска за Блискиот Исток објави дека анализата на оружјето запленето од брод во близина на брегот на Сомалија покажува дека Хутите користеле ист тип на оружје во нивните напади во Црвеното Море.
USCENTCOM Seizes Iranian Advanced Conventional Weapons Bound for Houthis
On 11 January 2024, while conducting a flag verification, U.S. CENTCOM Navy forces conducted a night-time seizure of a dhow conducting illegal transport of advanced lethal aid from Iran to resupply Houthi… pic.twitter.com/yg4PuTZBh7
— U.S. Central Command (@CENTCOM) January 16, 2024
Што било пронајдено?
Запленувањето се случило на 11 јануари во близина на брегот на Сомалија – истиот ден кога беа изведени првите американско-британски воздушни напади врз воени цели на Хутите. Меѓу предметите пронајдени на бродот имало и компоненти на крстаречки и балистички ракети, како и делови од опрема за противвоздушна одбрана.
„Ова е прва заплена на смртоносно напредно конвенционално оружје (ACW) доставено од Иран до Хутите од почетокот на нападите врз трговските бродови во ноември 2023 година“, се вели во соопштението на американската Централна команда.
Двајца елитни специјалци исчезнале во акција
Пресретнувањето и упадот на бродот го извршиле припадници на елитната единица Navy SEAL, чии двајца членови исчезнале за време на операцијата. Едниот бил однесен во морето од високите бранови, а другиот скокнал по соборецот за да го спаси. Се уште се трага по двајцата.