📸 Американскиот МО во ненадејна посета на Киев: „Дојдов за да пренесам важна порака“

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска пристигна во ненајавена посета на Киев.

Целта на посетата на Остин е да се увери Киев во „непоколебливата“ поддршка на Вашингтон за време на руската инвазија.

Остин денеска отпатува во Украина за да се сретне со украинските лидери и да ја зајакне непоколебливата поддршка на САД за украинската борба за слобода, се вели во соопштението на Пентагон.

Посетата не беше најавена од безбедносни причини.

„Денес дојдов овде за да пренесам важна порака – САД ќе продолжат да стојат со Украина во нејзината борба за слобода против руската агресија сега и во иднина“, наведе Остин на Платформата Х.

Слични содржини