Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните медиуми го критикува односот на властите кон градоначалникот на Кочани по трагичниот пожар во клубот „Пулс“.
„Зошто го амнестирате градоначалникот на Кочани од вашите редови (кој на секоја втора слика е истопорен до премиерот Мицкоски), а ги апсите ситните риби?“, напиша Апасиев на социјалните мрежи.
Тој сподели документ за пријава што, според закон, се поднесува до градоначалникот при отворање на објекти како ноќни клубови, алудирајќи дека тој знаел за постоењето на клубот и требало да преземе мерки за контрола.
„Легитимното прашање е зошто тој и општинските инспектори не презеле мерки за контрола и затворање на објектот? Оти, кривични дела се прават и со НЕСТОРУВАЊЕ!“, додава Апасиев.
Оваа реакција доаѓа по апсењата на неколку лица поврзани со клубот „Пулс“, додека одговорноста на локалните власти сè уште е предмет на јавна дебата.