📸 Авион кој полетал од Загреб СЕ УРНА во Австрија, има жртви

од Stefanija Kuzmanovska
293 прегледи

Мал авион Cirrus SR-20 кој полетал од Загреб околу 14 часот за Салцбург се урнал околу 3 часот и 45 минути во шума на непрооден терен на Пасеген – планински гребен во општината Сент Андра им Лунгау во Австрија, пишува „Вечерњи лист“.

Австриската полиција соопшти дека четири лица загинале при уривање на малиот спортски авион, пренесува АПА.

Службите за итни случаи успеале да стигнат до остатоците од авионот кога патниците веќе биле мртви. Според полицијата, жртвите се уште не се идентификувани. Не е позната и причината за несреќата.

Канцеларијата на државната криминалистичка полиција во Салцбург ја презел истрагата и повикал експерт за воздушна несреќа. Државниот правобранител наредил одземање на остатоците и обдукција на телата.

Според „Кроненцајтунг“, сведок го слушнал ударот и ги известил спасувачките служби. Како што пренесува „ОРФ Салцбург“, времето во Лунгау во моментот на несреќата се сметало за тешко за визуелни летови – поради делумно густата облачност и турбуленцијата на ветерот. Покрај тоа, се наведува дека урнатиот авион стандардно бил опремен со падобран за итни случаи, кој се активира со помош на експлозивно полнење. Сепак, системот за спасување очигледно не бил активиран, пренесува АПА.

Слични содржини