📸 Бијонсе откри зошто ја скратила косата во 2013 година: „Првиот чекор кон многу посмели одлуки“

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата пејачка Бијонсе е препознатлива по моќниот глас и долгата бујна коса.

Таа ги изненади сите кога во 2013 година, откако ја роди својата прва ќерка Блу Ајви, ја скрати косата.

Пејачката сега откри како се одлучила на таа промена.

„Голем дел од мојот идентитет како изведувач е поврзан со пуштена, долга коса. Кратење на косата значеше дека се побунив против она што општеството мислеше дека треба да бидам. Бев нова мајка и нешто во врска со ослободувањето кога станав мајка ме натера да сакам да го отфрлам сето тоа. Тоа беше физичка претстава како јас ги отфрлам очекувањата кои ми беа поставени. Само сакав да го извадам тоа од мене“, изјавила таа за Essence.

„И тоа беше нешто што требаше да го направам. После тоа станав многу храбра. Тоа беше првиот чекор кон многу посмели одлуки кои ги донесов во мојот живот и кариера, што ме доведе до местото каде што сум сега“, додала Бијонсе.

Слични содржини