По шокантните мемоари кои неодамна ги објави, Бритни Спирс (41) се опушти на плажа – целосно гола.
Таа позираше со насмевка на лицето и носеше само обетки. На фотографијата се гледа и сенката на мистериозниот маж кој ја направил фотографијата.
Britni gola na plaži posle objavljenih memoara pic.twitter.com/JZZLT6qSBk
— Arsil (@arsagarson) October 27, 2023
Ова не е првпат Бритни да го покажува своето голо тело на социјалните мрежи. Таа неколку пати се соблече на плажа, а позираше без облека и во када, на кревет…
Да потсетиме, во мемоарите „Жената во мене“, Спирс ги откри деталите од старателството што татко ѝ го имал врз неа и изнесе шокантни детали од врската со пејачот Џастин Тимберлејк.
Таа напиша како забременила за време на нивната врска и ја прекинала бременоста, на негово настојување.