📸 Џенифер Лопез во сензационална креација на модната недела во Париз

од Stefanija Kuzmanovska
810 прегледи

Познатата Џенифер Лопез секогаш привлекува внимание со својот моден избор, особено на овогодинешната недела на висока мода во Париз, каде од првиот ред ги следеше ревиите на нејзините омилени дизајнери и модни куќи.

Џенифер Лопез не бега од експериментирање со обемни кроеви и ткаенини, па на црвениот тепих – а особено неодамна – привлекува внимание со предимензионирани модни изданија.

На ревијата на Ели Сааб во Париз, каде либанската дизајнерка ја претстави својата колекција за висока мода за пролет/лето 2024 година, таа го привлече вниманието со препознатливата модна комбинација.

Американската пејачка и актерка носеше храбар вечерен фустан со длабоко деколте и извезен појас од Ели Сааб кој ја истакна нејзината женствена фигура.

Зелениот фустан од муслин го надополни со предимензионирана цветна наметка изработена од пердуви и украсена со кристали, што на целото издание му додаде шмек на модна драматичност.

Слични содржини