📸 Џенифер Лоренс го одзема здивот: Одамна не сме виделе волку добра верзија на мал црн фустан

од Stefanija Kuzmanovska
355 прегледи

Џенифер Лоренс, 33-годишната актерка која ја доби престижната златна статуетка за улогата во филмот „Во добро и во лошо“, беше меѓу најзабележливите гости на настанот WWD Honors во Њујорк.

Една од најзафатените актерки од својата генерација за оваа пригода избра прекрасен миди фустан од „Диор“ во минималистички стил со класичен крој.

Убавата оскаровка ја комплетираше ласкавата креација со шик детаљ, деколте кое го откриваше едното рамо, со елегантни салонки од брендот The Row, зад кои стојат близначките Олсен.

Таа го комплетираше гламурозното издание достојно за филмска дива со префинет накит, обетки и нараквица (Tiffany & Co. x Elsa Peretti).

Слични содржини