Борбената единица составена од само 13 жени војници од израелските одбранбени сили (ИДФ) се судрила со речиси 100 напаѓачи на Хамас, убивајќи многу од нив, кога запреле терористички напад на воена база и помогнале да се ослободи кибуц.
Потполковничката Ор Бен Јехуда и нејзините 12 жени војници од тенковската единица на баталјонот Каракал ги предводеле борбите откако се упатиле кон воениот пункт на египетската граница која Хамас ја нападнала, пишува „Дејли мејл“.
Додека ракетите паѓале околу неа, таа дознала дека терористите ја пробиле граничната ограда на Израел со Појасот Газа и се упатиле кон еврејските населби Шломит и Бнеи Нецер на 7 октомври.
Наводно, во последната порака од воената база Суфа, кога била нападната од десетици борци на Хамас, колега кој бил убиен само неколку минути подоцна ја предупредил потполковничката Бен Јехуда: „Тука има неколку терористи“. Тие се тешко вооружени“.
Squad of female IDF combat troops eliminated nearly 100 Hamas terrorists
Lt.-Col. Or Ben Yehuda, Caracal Battalion, praises her troops' bravery against Hamas, silencing doubts about female combat soldiers.https://t.co/o6qUegytz4— The Jerusalem Post (@Jerusalem_Post) October 24, 2023
Во обраќањето пред борбата, потполковничката Бен Јехуда тогаш ѝ рекла на единицата од 12 жени дека се силни и нема да бидат поразени, пишува „Дејли мејл“.
„Ќе ги отстраниме терористите. Инфилтрацијата во Израел се случува и се шири. Останете во приправност. Можеби нашите патишта ќе се вкрстат. Ние сме силен тим“, рекла таа.
Кога единицата пристигнала во воената база, откриле дека Хамас ја зазел и дека зеле како заложници повеќе од 50 израелски воени лица. Околу седум вооружени напаѓачи зазеле позиции во трпезаријата вооружени со противтенковски проектили.
Медиумите јавуваат дека додека офицерката и нејзиниот одред од 12 жени се приближувале до базата од сите агли, група од 50 тешко вооружени терористи налетале на нив од околината. Но, единицата го задржала своето место, пукајќи во некои, а други принудувајќи ги да се разотидат.
Во еден ужасен момент, потполковничката Бен Јехуда се соочила лице в лице со машки терорист, кого го застрелала од непосредна близина.
All-female Israeli 'lionesses' combat unit of just 13 soldiers 'killed nearly 100 Hamas gunmen as they helped liberate kibbutz' https://t.co/0omwTPONlC
— Daily Mail Online (@MailOnline) October 25, 2023
Во текот на следните четири часа, единицата од 12 жени водела жестока битка со Хамас, која испраќала бран по бран вооружени напаѓачи кон нив.
И покрај тоа што некои војници биле ранети, женската единица продолжила да се бори, јавуваат израелските медиуми.
Единицата на баталјонот Каракал подоцна била засилена со војници од единицата на специјалните сили на морнарицата и заедно продолжиле да се борат со Хамас во следните 14 часа додека терористите не биле мртви или не побегнале.
Бен Јехуда подоцна го пофалила „значајниот придонес“ на војниците под нејзина команда за победата во битката, како и за спасување на животите на ранетите, со извршување на смели евакуации со хеликоптери под оган.
Таа, исто така, ја истакнала храброста на женската тенковска екипа под нејзина команда која го предводела нападот против борците на Хамас кои го нападнале блискиот кибуц Холит, убивајќи повеќе од десетина цивили.
Единиците на баталјонот Каракал убиле вкупно околу 100 терористи – факт што треба да ги отфрли сите сомнежи за способноста на женските војници, рече таа.