📸 Фотографија од крунисувањето на Чарлс која кажува многу за неговиот однос со Камила

од Stefanija Kuzmanovska
436 прегледи

BBC One прикажа документарен филм за крунисувањето на кралот Чарлс Трети и кралицата Камила, кое се случи во мај годинава.

Кралското семејство го објави документарецот на својот официјален профил на социјалната мрежа Х, а како најава објави фотографија од Чарлс и Камила која воодушеви многумина.

Се чини дека еден фотограф го снимил моментот кога Чарлс првпат ја видел Камила облечена во свечена облека за кралско крунисување и наметка.

„Како се гледаат… прекрасна фотографија“, „Едвај го чекам филмот, вљубен сум во оваа фотографија“, „Колку убава слика“, пишуваат Англичаните во коментарите.

Да потсетиме, Чарлс Трети стана крал по смртта на неговата мајка, Елизабета Втора, во септември минатата година. Во мај годинава беше крунисан со сопругата Камила со која е во брак од 2005 година. Чарлс и Камила ја започнаа својата врска во доцните седумдесетти години, но се венчаа дури триесет години подоцна.

Слични содржини