431
Џенифер Лопез ги красеше насловните страници на бројни престижни списанија ширум светот, а нејзината најнова фотографија привлече големо внимание.
На насловната страница на магазинот „Elle“, Џеј Ло позира во златен фустан на едно рамо, а во внатрешноста на магазинот има фотографија која стана вирална на мрежите.
На неа Џенифер позира во провокативен фустан кој е целосно провиден, а пејачката не носи долна облека.
Станува збор за црвен фустан со огромни цвеќиња.