И покрај многуте сопруги и девојки на фудбалери, повеќето погледи на фудбалските награди беа вперени кон убавата избраничка на Кристијано Роналдо, која синоќа доби фустан специјално направен за неа.
Свеченото доделување на светските фудбалски награди за минатата година се одржа во Дубаи, а иако наградата за најдобар играч во 2023 година ја доби Ерлинг Халанд, најголемо внимание привлече најголемата гордост на арапскиот фудбал во последно време, Кристијано Роналдо.
Португалскиот спортист кој веќе извесно време живее со семејството во Ријад освои три награди, а најмногу се гордее со онаа што го носи името на Марадона.
Роналдо повторно покрај себе ја имаше својата вереница Џорџина Родригез, неговата најголема поддршка, која и вчера беше најзабележителна меѓу девојките и сопругите на фудбалерите, за што ѝ помогна фустанот дизајниран специјално за неа.
Зад стајлингот на Џорџина стои тунискиот дизајнер Али Каруи, познат по своите луксузни тоалети и употребата на тантела, која и овојпат беше негов главен материјал.
Избраничката на Роналдо носеше мини фустан, бел модел кој ги истакна сите нејзини физички адути. Фустанот иако е со затворен околувратник, има огромен пресек во пределот на градите кој го открива деколтето, а иако има долги ракави, тие се чипкани и без постава, па се гледа поголемиот дел.
„Во придружба на најдобриот, љубовта на мојот живот“, напиша Џорџина на Инстаграм покрај фотографиите од оваа церемонија.