📸 Го освои светот како злобната Руби, се бореше со опасна болест: Познатата актерка го прослави својот 46-ти роденден

од Stefanija Kuzmanovska
238 прегледи

Познатата злобница од мексиканската сапуница „Руби“ го освои регионот на почетокот на 2000-тите, кога теленовелите беа исклучително популарни. Главната улога ја играше Барбара Мори, а оваа улога ѝ донесе светска слава.

Барбара е родена на 2 февруари 1978 година во Монтевидео, Уругвај. Интересно е што таа има и јапонско потекло, бидејќи нејзиниот дедо по татко е Јапонец.

Кариерата ја започнала како модел и неколку години работела во тој бизнис, а потоа добила шанса да глуми во теленовели. Таа шанса ја искористила, а ја видовме во сериите како „Луна“, „Умирам за тебе“, „Руби“, „Бесрамна љубов“ и други.

Секако најзабележителна беше улогата во серијата „Руби“.

„Оваа серија ми донесе популарност која не можев ни да ја замислам и се што повеќето луѓе го сметаат за среќа. Бев популарна, успешна и добро платена. Сепак, не сакав да се посветам на само еден проект. Сакав да пробам нешто ново“, изјавила таа своевремено.

Сепак, нејзината кариера беше привремено прекината поради болест. Имено, Барбара во 2007 година објави дека боледува од рак на дојка, но успеа да се опорави. За сето тоа време актерката отворено зборуваше за борбата и процесот низ кој поминува, а ги советуваше и другите жени кои минуваат низ истото и ги повика редовно да се проверуваат.

Барбара стана мајка на млада возраст. Имено, таа кога имала само 19 години го родила синот Серхио за време на врската со колегата Серџо Мајер. Таа на 39 години стана и баба, кога нејзиниот син ја добил ќерката Мила.

Актерката ги воодушеви сите со својата убавина кога се појави во серијата „Руби“, а и по 20 години од снимањето на оваа серија, таа не се променила многу и сè уште плени со својот изглед. Имаше неколку врски и често привлекуваше внимание со љубовниот живот, а веќе извесно време ужива во љубовта со мексиканскиот режисер Фернандо Ровзар.

Слични содржини