Убиен е командантот на Хамас на баталјонот Деир ал Балах, Ваел Асеф, соопшти ИДФ (израелската армија).
Асеф помогнал да се испратат илјадници терористи да нападнат, киднапираат и убиваат израелски цивили на 7 октомври, објави ИДФ на платформата X.
Израелците објавија дека Асеф бил еден од командантите кои на 7 октомври, кога започна конфликтот, наредил инвазија на милитантите на Хамас од Појасот Газа во јужен Израел.
🔴 The IDF eliminated Wael Asefa, Commander of Hamas' Deir al-Balah Battalion.
Asefa aided in the dispatch of thousands of terrorists to assault, abduct and murder Israeli civilians on October 7th. pic.twitter.com/LXOGvU6zWb
— Israel Defense Forces (@IDF) November 7, 2023
Како што понатаму наведоа, Ваел Асеф бил во затвор од 1992 до 1998 година поради планирање и извршување терористички напади на територијата на Израел.
Според нивните тврдења, командантот планирал последователни напади врз Израел. Не е соопштено каде точно е убиен овој водач на баталјон на палестинската група Хамас.