📸 Која е новата прва дама на Аргентина? На интернет кружи нејзина порно снимка со поранешниот сопруг

од Stefanija Kuzmanovska
540 прегледи

Фатима Флорез е новата прва дама на Аргентина, а позната е и како водителка, актерка, комичарка и имитаторка.

Девојката на новоизбраниот претседател на Аргентина, Хавиер Милеи, привлече големо внимание во јавноста откако стана прва дама.

Милеи, која е познат и како аргентински Доналд Трамп, е во врска со Флорез која веќе ѝ беше позната на аргентинската публика, а сега го разбуди интересот и на остатокот од светот.

За време на изборите, Фатима беше голем поддржувач на Хавиер, па дури и објави фотографија од нејзиното гласање на својот профил на Инстаграм, каде што сега ја следат повеќе од милион луѓе.

Но, и покрај интересот што го привлекоа, јавноста не ги сака многу и многумина се сомневаат дека Фатима ќе успее да го скроти Хавиер, кој е познат како плејбој и себеси се нарекува лав.

Таа на ваквите коментари одговорила со хумористична имитација на своето момче и себеси се нарекла лавица.

Двојката е во врска од јули оваа година, а се запознаа во ток-шоу минатиот декември, додека таа се уште беше во брак.

Со нејзиниот сега поранешен сопруг Норберт Маркос, кој е 20 години постар од неа, Фатима помина 22 години во брак. Двајцата се запознале на снимањето на една серија, каде што тој го препознал нејзиниот талент за имитирање и станал нејзин менаџер.

Тие се венчаа во 2001 година, а тој ѝ помогна да ја изгради кариерата.

Оттогаш, Фатима се појавува во бројни телевизиски програми и емисии, таа исто така започна свое шоу Fatima Florez es Única и ги освои симпатиите на јавноста со нејзиното имитирање на поранешната аргентинска потпретседателка Кристина Кирцнер.

Но, она што особено го привлече вниманието на јавноста е домашното порно видео кое таа го снимила со својот поранешен сопруг, а во јавноста излезе во 2013 година и како шумски пожар се прошири на интернет.

Инаку, не е познато кога Флорез се развела од поранешниот сопруг ниту дали причина за тоа било нејзиното ново момче и новоизбраниот претседател на Аргентина.

Слични содржини