Кејтлин О’Конор има 33 години и беше релативно непознато име во Холивуд се додека не започна да се забавува со Џо Манџаниело, поранешниот сопруг на Софија Вергара. Парот сега и официјално е заедно бидејќи освен во теретана почнаа да се појавуваат и на официјални настани заедно.
Џо се разведе од Софија во јуни оваа година, а веќе во септември почнаа гласините дека има нова девојка. Тие наводно се запознале на приватна забава, каде Кејтлин скокнала во џакузито во кое бил Џо.
Очигледно, актерот не можел да одолее на нејзините шеги и уживал во нејзиниот хумор.
За тоа време ниту Софија Вергара не губи време, туку излегува со нови момци, а пред некое време медиумите ја поврзуваа со познат доктор.
Како причина за пропаѓањето на нивниот седумгодишен брак, тие ги наведоа „непомирливите разлики“.