📸 Костадинов: Голем одрон на регионалниот пат Струмица-Костурино-Валандово

од Даниел Ѓорѓиевски
33 прегледи

Денеска, на регионалниот пат Струмица-Костурино-Валандово, се случи голем одрон кој предизвика загриженост меѓу локалното население. Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека граѓаните треба да бидат претпазливи и внимателни при користењето на оваа патна делница.

„Прво граѓаните да бидат претпазливи и внимателни. Второ, надлежните институци веднаш да постапат и да превенираат поголема катастрофа!“ пишува Костадинов

Костадинов нагласи дека општината и тој како градоначалник стојат на располагање со сите ресурси кои ги поседуваат.

„Како градоначалник стојам на располагање на државните институции доколку имаат потреба од каква било асистенција од наша страна“ дополнува Костадинов.

Слични содржини