📸 Мачката на Тејлор Свифт е побогата од момчето на пејачката

од Stefanija Kuzmanovska
291 прегледи

Мачката на Тејлор Свифт по име Оливија Бенсон е едно од најбогатите миленичиња во светот.

Оливија Бенсон е една од милениците на популарната пејачка и е вистинска богаташка, а нејзиното богатство се проценува на 97 милиони долари (околу 91,5 милиони евра), пишува магазинот All About Cats.

Таа е побогата и од нејзиното момче Тревис Келси. Неговото богатство се проценува на околу 40 милиони долари. Некои коментираа дека мачката е побогата од професионалниот фудбалер и му порачаа дека „ако има среќа, можеби еден ден ќе биде успешен како мачката на неговата девојка“.

Оваа мачка е популарна на социјалните мрежи, учествувала во музички спотови на пејачката, глуми во високобуџетни реклами и има своја линија на облека.

Инаку, Тејлор ја именуваше Оливија по ликот Мариска Харгитај од серијата „Закон и ред“.

Слични содржини