Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (43) заврши на насловната страница на 28-то издание на „Мажи на годината“ на GQ, а со тоа се пофали на својот Инстаграм профил.
На насловната страница Ким позираше во црн костум и бела кошула на пруги. Аутфитот го комплетираше со машка вратоврска.
Во едната рака држеше чип и со усните го лижеше прстот од другата рака. На другите фотографии, Ким позирала во канцеларија додека зборува на телефон, а косата ѝ е залижана. Гледа на страна со сериозно лице, а на раката носи машки прстен. Ким исто така позираше во женски костим, долг црн фустан со реси, во теретана и во широка машка јакна покрај апарат за вода. Следбениците беа воодушевени од Кардашијан и нејзиниот, како што велат, деловен потег.
„Така е кога веќе нема вистински мажи, па тогаш жените се главни“, „Ова е нејзиниот најболен деловен потфат досега“, „Ким ти си вистински шеф“, ѝ напишаа фановите под фотографиите.
Во интервју за магазинот таа зборуваше за разводот со Канје Вест, каде истакна како разводот на нејзините родители влијаел на некои постапки во нејзиниот сопствен развод.
„Се сеќавам дека беа отворени. На крајот, она што е важно е децата да се чувствуваат сакано. Во ред е да се покаже ранлива страна“, навела таа.
Ким додала дека на се во животот гледа како на лекција.
„Работите се случуваат токму онака како што треба и ве носат токму онаму каде што треба“, заклучила таа.