📸 „Омилен фустан на вечерта“: Дуа Липа во гламурозно издание на доделувањето на БАФТА наградите

од Stefanija Kuzmanovska
245 прегледи

„Опенхајмер“, тричасовниот спектакл за создавањето на атомската бомба за време на Втората светска војна, беше големиот победник на филмските награди БАФТА во неделата. Остварувањето освои вкупно седум награди.

На церемонијата во кралската фестивалска сала покрај реката Темза во центарот на Лондон присуствуваа многу познати личности, меѓу кои и пејачката Дуа Липа, која воодушеви со своето модно издание, благодарение на што се најде и на листата на најдобро облечени дами на церемонијата на доделувањето.

Пејачката облече гламурозен црвен фустан, затегнат во струкот, од модната куќа „Валентино“. Долгиот фустан без ракави, со набори на горниот дел и луксузно здолниште до подот, имаше и црвена полупроѕирна наметка која ја направи целата приказна уште поспецијална.

Со креацијата што го одзема здивот, пејачката носеше накит од Tiffany & Co и ја обликуваше косата во гламурозни бранови.

„Изгледа прекрасно“, „Таа е толку елегантна“, „Фустанот е прекрасен и одлично ѝ стои“, „Омилен фустан на вечерта“, се само дел од коментарите за ова издание.

Слични содржини