📸 Осомничениот за исчезнувањето на Медлин МекКен денеска на суд: Обвинет и за други сексуални злоставувања

од Stefanija Kuzmanovska
283 прегледи

Кристијан Брукнер, главниот осомничен за исчезнувањето на британското девојче Медлин МекКен во Португалија во 2007 година, денеска ќе се појави пред германскиот суд под обвинение за серија сексуални злоставувања.

Брукнер, кој веќе е во затвор во Германија за силување жена во португалскиот регион Алгарве, каде што исчезна МекКeн, се соочува со три точки од обвинението за силување и две точки за сексуална злоупотреба на деца, кои ги извршил помеѓу 2000 и 2017 година.

Брукнер ќе се соочи со обвинение во судница во Бранзвик, северна Германија, за силување жена на 70-годишна возраст во нејзиниот дом во Алгарве, сексуално злоставување на 14-годишно девојче и силување на млада жена во нејзиниот дом во 2004 година, пренесува „Ројтерс“.

Брукнер е главниот осомничен во случајот на исчезнатата Меди, а во јуни 2020 година, германската полиција објави дека се претпоставува дека таа е мртва и дека најверојатно за тоа е одговорен Брукнер.

Тој негираше вмешаност во исчезнувањето и не е обвинет за никакво кривично дело поврзано со тоа.

МекКен исчезна од нејзината соба на 3 мај 2007 година, додека нејзините родители вечерале со пријателите во близина во одморалиштето Праја да Луз за време на семеен одмор.

Слични содржини