📸 Памела Андерсон објави фотографија без шминка: Воодушеви со својата природна убавина

од Stefanija Kuzmanovska

Памела Андерсон светската слава ја стекна во познатата серија „Чувари на плажата“ во која глумеше од 1992 до 1997 година.

Од моментот кога ѝ се претстави на јавноста, таа ја освои публиката со својот атрактивен изглед и сексипилност.

Таа првпат позираше за насловната страница на Плејбој во октомври 1989 година, а во доцните осумдесетти и деведесетти важеше за секс симбол.

Андерсон ја заинтригира јавноста со својот изглед и однесување, а обожавателите го следеа секој нејзин чекор.

Меѓутоа, во еден момент Памела одлучи да го промени својот живот од корен.

Многумина беа изненадени кога атрактивната актерка почна да се појавува во јавноста без шминка, откако нејзиниот шминкер почина по битка со ракот.

Памела продолжи во оваа насока, а се почесто со своите обожаватели споделува комплетни природни изданија.

Таа сега објави фотографија од својот дом, каде уште еднаш ги воодушеви сите со својата природна убавина.

Слични содржини