📸 Патувањето на Путин до Калининград го следеле 9 авиони на НАТО членки

од Stefanija Kuzmanovska
450 прегледи

Претседателот на Русија, Владимир Путин, полета во руската енклава Калининград, поради што се засили авијацијата на НАТО.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека посетата не е „порака“ до земјите на НАТО, туку дека тоа е обична работа на шефот на државата.

„Кога претседателот ги посетува регионите на Руската Федерација, тоа не е порака до земјите на НАТО. Ова е главната работа што ја прави претседателот. И главната работа не е тоа што тој испраќа пораки, туку она што го прави долги години, работи на развојот на нашата земја и нашите региони, развојот на економијата, проектите за социо-економски развој“, рече портпаролот на Кремљ.

Сепак, порталот Flytradar24 забележа дека авионот на рускиот претседател го следеле 9 авиони од земјите на НАТО и Шведска, и тоа:

-Beech 350 King Air ALSR на француското воздухопловство – електронски извидувачки авион;
-Boeing RC-135W Rivet Joint на британските кралски воздухопловни сили – голем стратешки извидувачки авион;
-Boeing RC-135W Rivet Joint NATO – авиони за радарско откривање и контрола на голем домет;
-два авиона Eurofighter Tiphoon на германските воздухопловни сили;
-Airbus A330-243MRTT NATO – поддршка за полнење гориво за борбени авиони;
-Saab S100D Argus на шведските воздухопловни сили – авиони за радио детекција и наведување на голем домет;
-Gulfstream IV S102B Korpen на шведските воздухопловни сили – авион за електронско извидување.

Слични содржини