📸 Салма Хајек со емотивна објава се прости од Метју Пери и откри со кој гест ја трогнал

од Stefanija Kuzmanovska
356 прегледи

Веста за смртта на актерот Метју Пери потресе многумина. Тој беше пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес, а многу негови колеги се простија од него преку социјалните мрежи.

Една од нив е и актерката Салма Хајек, која со Пери глумеше во филмот „Не се вљубувај на прв поглед“, каде што беа пар.

„Пред два дена се разбудив со шокантната вест дека Метју Пери повеќе не е меѓу нас. Ми требаа неколку дена да ја испроцесирам оваа огромна тага. Постои посебна врска кога ги споделувате соништата со некого и работите на нив заедно“, започна актерката.

„Минатата година бев многу трогната кога Метју на својот Инстаграм објави колку го сака филмот ‘Не се вљубувај на прв поглед’ и како смета дека филмот што го направивме заедно е веројатно неговиот најдобар филм. Со текот на годините, тој и јас се навраќавме на тој значаен период од нашите животи со длабоко чувство на носталгија и благодарност. Пријателу мој, замина прерано, но ќе продолжам да ја ценам твојата лудост, твојата упорност и твоето мило срце. Збогум, драг Метју, никогаш нема да те заборавиме“, наведе Салма.

Слични содржини