Не сакав да зборувам за ова, но она што ќе го кажам е дека имав чест лично да го познавам Метју. Толку сум уништена од неговата смрт, напиша Атина Крозби на Инстаграм.
Откако ТМЗ објави фотографии од Метју Пери на ручек со мистериозна жена во Лос Анџелес на 27 октомври, само еден ден пред неговата смрт, моделот Атина Крозби сега се огласи на Инстаграм за да потврди дека таа е жената на фотографијата.
„Немав намера да кажам ништо за нашата средба, но кога некои ме препознаа на фотографијата, одлучив да се огласам. Сакам да нагласам дека Метју беше исклучително добро расположен и со ентузијазам разговараше со мене за работите што му се случуваа во животот. Беше толку среќен и жив. Ве молам, воздржете се од какви било шпекулации околу неговата смрт и знајте дека тој навистина заслужи повеќе време на оваа земја. Нашата забавна индустрија навистина изгуби легенда. ПОЧИВАЈ ВО МИР“, напиша таа.
Подоцна, во неколку објави на Инстаграм, таа објасни зошто на почетокот не сакала да открие ништо за нејзиниот оснос со познатиот актер, кој се прослави со улогата на Чендлер во „Пријатели“.
„Не сакав да зборувам за ова, но она што ќе го кажам е дека имав чест лично да го познавам Метју. Многу сум уништена од неговата смрт, но мислам дека е невкусно да се зборува за тоа јавно бидејќи вниманието не треба да биде на мене, туку на него и неговата богата кариера, а тој беше исклучително приватна личност и секогаш го почитував тоа во нашето пријателство. Но, навистина, бевме пријатели и јас бев една од последните луѓе што разговараше со него пред да почине“, напишала Атина.
Таа им препорача на своите следбеници да ја прочитаат неговата неверојатна и инспиративна книга Friends, Lovers, and the Big Terrible Thing во која тој пишува за својот живот, кариера и борбата со зависноста.
„И не заборавајте да бидете љубезни кон сите без разлика со што се соочуваат“, додала манекенката.
Метју Пери почина во својот дом во Лос Анџелес викендов, а неговиот личен асистент го пронашол во несвест во џакузи. Се уште не е позната точната причина за смртта.