Настасја Кински, 62-годишната германска актерка позната по улогите во филмовите на култниот режисер Вим Вендерс „Париз, Тексас“ и „Далеку, толку блиску“, не ја гледаме често во јавноста.
Настасја Кински, актерка која ги одбележа 80-тите години со улоги во шеесет филмови во Европа и САД, се појави на настан под називот Women Lands Excellence Awards International во Рим, воодушевувајќи ги сите со својата елегантна комбинација и убавина.
Познатата убавица, инаку ќерка на познатиот актер Клаус Кински, за оваа пригода избра целосно црн изглед, опција со која никогаш не можете да погрешите.
Таа изгледаше неверојатно во класичен црн капут, кој го спои со блуза со украсна машна и широки панталони во истата ткаенина.
Едноставниот, но елегантен стајлинг го надградила со кожна чанта, чизми со високи потпетици и големи обетки.